






Еколошкото друштво Здравец 2002 од Македонска Каменица има направено Програма за решавање на проблемите со пластика на територијата на општина Македонска Каменица и регионот. Програмата ќе биде презентирана пред Градоначалникот, Советот на општина Македонска Каменица и Јавното претпријатие Камена Река.
Програмата ќе се реализира во партнерство на Еколошкото друштво Здравец 2002 со општина Македонска Каменица и Јавното претпријатие Камена Река каде Еколошкото друштво Здравец 2002 ќе обезбеди 50% од финасиските средства, а општината Македонска Каменица и Јавното претпријатие Камена Река ќе кофинасираат со 50% од финасиските средства.
Со реализација на оваа Програма долготрајно ќе се реши проблемот со пластиката на територијата на општината и регионот.
Во реализација на проектот „Дигитализација на социалните услуги за нега на стари и изнемоштени лица во руралните средини“ проект кој е финасиран од Цивика мобилитас каде партнери се: еколошко друштво „Здравец 2002“, „Здружение на пензионери од Македонска Каменица“ и здружение на граѓани „Глас на еднаквост“ на стари и изнемоштени лица во руралните средини во општина Македонска Каменица доделија пакети за новогодишните и божиќните празници #CivicaMobilitas
03.12.2021 Разлог, Состанок на партнерите: Агенција за економски развој од Разлог, Еколошко друштво Здравец 2002 од Македонска Каменица и Шумарски институт од Софија во проектот ” Градење капацитет за одржливо користење на екосистемските услуги од страна на локалните заедници во планинските региони CAPLOCOM”