Скопје – МЦМС и Цивика мобилитас

25.09.2021 год. Градски парк – Скопје, Еколошкото друштво „Здравец 2002“ од Македонска Каменица имаш свој штанд во Градскиот парк на кој ги презентираше реализираните проекти и активности на друштвото во периодот на тековната година, настанот беше во организација на Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС и Цивика мобилитас.

Posted in Uncategorized | Leave a comment

Скопје – МЦМС и Цивика мобилитас

25.09.2021 год (сабота). Скопје, Еколошкото друштво Здравец 2002 од Македонска Каменица денес потпиша Кодекс на Граѓанските организации во Градскиот парк во организација на Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС и Цивика мобилитас.

Posted in Uncategorized | Leave a comment

Посета на село Саса со делегација од Цивика мобилитас

23.09.2021 година село Саса, Македонска Каменица
 
На наша голема чест и задоволство денес на 23.09.2021 година (четврток) имавме посета на претставници од #NIRAS од Anna Cecilie Varnild и Emilie Fity придружувани од Petrus Theunisz, Darko Dimov и Горан Стаматоски од тимот на #CivicaMobilitas.
Задоволството и честа е голема да го преставиме нашиот проект „Дигитализација на социјалните услуги за грижа на стари лица во руралните средини“ финансиран од #CivicaMobilitas во реализација на Еколошкото друштво Здравец 2002 од Македонска Каменица и активности спроведени на терен. Гости се интересираа за нашите активности и плановите за во иднина.
 
Posted in Uncategorized | Leave a comment

Гриѓа за стари лица во рурални средини

15.09.2021 година во село Саса, Македонска Каменица

Мобилниот тим на Еколошкото друштво „Здравец 2002“ од Македонска Каменица почна со излегување на терен за грижа на стари и изнемоштени лица во Руралните средини од проектот „Дигитилизација на социјалните услуги за нега на стари и изнемоштени лица во руралните средини“ финансиран од Цивика мобилитас.

Posted in Uncategorized | Leave a comment

Обука „Градење на капацитетите на засегнатите страни на ублажување на ефектите од климатските промени и интегрирање на концептот на екосистемските услуги во локалното планирање и управување“

4 и 5 август 2021 година во хотел Сан Рајс во Делчево, Еколошкото друштво Здравец 2002 од Македонска Каменица е организатор на дводневна обуката „Градење на капацитетите на засегнатите страни на ублажување на ефектите од климатските промени и интегрирање на концептот на екосистемските услуги во локалното планирање и управување“ од Прекуграничниот проект CB006.2.11.103: „Градење на капацитети за одржливо користење на екосистемските услуги од страна на локалните заедници во планинските региони – CAPOLOCOM со партнерските организации: Агенција за локален економски развој од Разлог и Шумарски институт од Софија.

Posted in Uncategorized | Leave a comment

Работен состанок

29.07.2021 година, Македонска Каменица работен состанок на координативното тело на Прекуграничниот проект од Програмата INTERREG – IPA CBC, CCI2014TC16I5CB006: „Градење капацитети за одржливо користење на еко системските услуги од страна на локалните заедници во планинските региони – CAPOLOCOM, помеѓу партнерите:
– Агенција за локален економски развој од Разлог,
– Еколошко друштво Здравец 2002 од Македонска Каменица и
– Шумарски институт од Софија.
Posted in Uncategorized | Leave a comment

Промоција на проектот „Дигитилизација на социјалните услуги за грижа на стари и изнемоштени лица во рурални средини“

Промоција на проектот „Дигитилизација на социалните услуги за нега на стари и изнемоштени лица во рурални средини“ финасиран од страна на Цивика мобилитас во туристички комплекс „Еленец“ во село Цера од страна на еколошкото друштво „Здравец 2002“ со партнерите Здружени на пензионери од Македонска Каменица и Здружение на граѓани „Глас на еднаквостa“

Posted in Uncategorized | Leave a comment

Потпишување на договор

Денес во Клуб на пратеници во Скопје се потпиша Договор за национално кофинасирање во рамките на ИНТЕРРЕГ ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2014-2020 помеѓу Министерство за локална самоуправа и Еколошко друштво Здравец 2002 од Македонска Каменица.

Posted in Uncategorized | Leave a comment

ЕКО ПАТРОЛА

ЕКО ПАТРОЛА од еколошкото друштво „Здравец 2002“ прави мониторинг на Каменичка Река во Македонска Каменица

Posted in Uncategorized | Leave a comment

Анализа за присуство на метали и други супстанци во водите на Каменичка Река

Еколошкото друштво „Здравец 2002“ со реализација на проектот „Мониторинг на Каменичка Река“ каде е предвидено да се земаат мостри за анализа од водите на Каменичка Река за присуство на метали и други примеси во водата и резултатите добиени од акредитирана лабараторија ќе бидат јавно објавувани од страна на еколошкото друштво „Здравец 2002“

Posted in Uncategorized | Leave a comment