ПОСТАВУВАЊЕ НА КАНТИ ЗА СЕЛЕКТИВЕН ОТПАД

Центар за климатски проемени во партнерство со еколошкото друштво „Здравец 2002“ од реализација на проектот: „ВКЛУЧИ СЕ! за здрава животна среднина“ во централното градско подрачје во соработка со ЈП „Камена Релка“ се поставија канти за селективен отпад.

ЗАШТИТА НА БИОДИВЕРЗИТЕТОТ НА ОСОГОВСКИТЕ ПЛАНИНИ КОН ВРВОВИТЕ РУЕН И ЦАРЕВ ВРВ

Проектот „Заштита на биодиверзитетот на Осоговските Планини кон врвовите Руен и Царев Врв“ е реализиран од Програмата за зачувување на природата.

Во реализација на проектот се направени:

  • Пешачка патека Саса 2 – Руен (2252 м) во должина од 13 км, поставена една информативна табла на почетокот на патеката, поставени патокази, корпи за отпадоци, доизградени две планински чешми и еден видиковец.
  • Пешачка патека Еленец – Царев Врв (2085 м) во должина од 11 км, поставена една информативна табла на почетокот на патеката, поставени патокази, корпи за отпадоци, доизградени две планински чешми и еден видиковец.

ЗЕЛЕНА  АГЕНДА  НА ОПШТИНА  МАКЕДОНСКА  КАМЕНИЦА

Проект „Зелена Агенда“ за Општина Македонска Каменица финасирана од Милеуконтакт, а спроведен од Еколошкото друштво Здравец 2002. 

ДИГИТАЛЕН  КЛУБ ВО СЕЛО САСА ОТВОРЕН  ОД СТРАНА НА ЕКОЛОШКОТО ДРУШТВО ЗДРАВЕЦ 2002

Еколошко друштво „Здравец 2002“ отвори Дигитален клуб во село Саса од проектот финасиран од Метаморфозис.

 

ЧИСТЕЊЕ НА КАЛИМАНСКО ЕЗЕРО ОД ПЛАСТИКА

Проектот „Македонска Каменица без отпад“ беше спроведена акција за чистење на Калимаско Езеро од пластиака. Акцијата започна во 8.00 часот, а заврши во 17.00 часот каде беа остранети 5.000 броја на пластика од Калиманското Езеро и однесена на рециклажа.

ЕКО ПАТРОЛИ НА ЕКОЛОШКОТО ДРУШТВО ЗДРАВЕЦ 2002

Проектот „Еко патроли“ се спроведуваше со ученици од средното училиште во Македонска Каменица, кои патролираа по територијата на општина Македонска Каменица за подигање на јавната свест кај граѓаните.

МОНИТОРИНГ НА КАМЕНИЧКА РЕКА

Проектот „Мониторинг на Каменичка Река“ направени се две испитување и тоа:

  • Анализа на примероци на Каменичка Река

Локација на која се земени примероците вода се наоѓа на 5 км оддалеченост од Македонска Каменица, а на 4 км оддалеченост од рудник Саса. Примерокот вода е земен во близина на Мостот на Каменичка река во село Саса 1 на следните координати:N:42o04’595″ и E:22o32’755″

  • Биолошки статут на Каменичка Река

Локација на која се земени примероците: над рудникот Саса т.е. Шумска барака, село Саса и Македонска Каменица

 

МЛАДИТЕ  ЕКОЛОГИСТИ  ИДНИНА НА МАКЕДОНСКА  КАМЕНИЦА

Проектот „Младите екологисти иднина на Македонска Каменица“ се спроведуваше со учениците од VII и VIII одделение од СОУ „Кирил и Методиј“ и како завршен дел од проектот беа поставени 10 клупи на главната улица во Македонска Каменица.