Мониторинг на Каменичка Река

Еколошкото друштво „Здравец 2002“ започна со реализација на проектот „Мониторинг на Каменичка Река“ доделен грант од Цивика мобилитас. Во проектот се предвидени повеќе активности:
1. Земање мостри од водите на Каменичка Река и правење на анализа за присуство на тешки метали и други супстанции во водата, резултатите ќе бидат јавно објавувани од направената анализа на веб страната на еколошкото друштво „Здравец 2002“ (www.zdravec2002.org.mk)
2. Зелен телефон – 078 485 132 каде граѓаните може да го информираат еколошкото друштво „Здравец 2002“.
3. ЕКО ПАТРОЛА Здравец 2002 патрола составена од членови на еколошкото друштво која ќе патролира по течението на Каменичка Река.
4. Мобилна апликација Tras Tracker, линк од кој може да ја симнете апликацијата преку Play Store: https://play.google.com/store/apps/details… каде граѓаните ќе можат со мобилните телефони да сликаат и да ја прикачат сликата на програмата и преку GPS ќе бидат точно лоцирано местото на настанот.
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *