Информации за реализација на проект

Проект: Градење капацитети за одржливо користење на екосистемските услуги од страна на локалните заедници во планинските региони (CAPLOCOM)
Проектот е финансиран од Прекуграничната програма за соработка: Interreg – IPA CBC 2014-2020, помеѓу Р. Бугарија и Р.С. Македонија, број на договор: РД-02-29-68/05.03.2021
Главна цел на проектот е зајакнување на соработката меѓу двете држави за подигнување на свеста на локалните заедници за животната средина, заштита и одржливо користење на природните ресурси. Втората цел е да се постигне подобрен и синхронизиран капацитет во разбирање и рационално управување со планинските екосистеми, нивните ресурси и услуги.
Период на спроведување: 05.03.2021 – 05.06.2022
Водечки партнер: Локална агенција за економски развој, Разлог, Бугарија
Други партнери: Институт за шумарство, Бугарска Академија на науки и уметности, Софија и Еколошко друштво Здравец 2002 од Македонска Каменица
Главни активности:
1. Организирање меѓународен семинар на тема ”Зголемување на свеста и подготвеност за соработка во градењето на капацитетите на подобро управување со природните ресурси “
2. Анализа на влијанието на климата и промената на користењето на земјиштето врз услугите и ресурсите од планинските екосистеми во прекуграничната област
3.Организирање меѓународна обука на засегнатите страни за градење на капацитети за ублажување климатски промени и интегрирање на концептот на екосистемски услуги во локалното планирање и управување
4. Изработка на долгорочна стратегија за унапредување на интеграција на концептот на екосистемски услуги во мрежата на заштитени области и територијален развој на планинските области
5. Меѓународна завршна конференција
6. Упатства за спроведување на најдобрите практики за управување на регионално ниво.
Целни групи на проектот се локалните заедници од прекуграничниот регион, научници, претставници на еколошки и младински невладини организации, јавни институции одговорни за управување со природата, шумски стопанства, училишта, универзитети, и други заинтересирани страни од двете земји.
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *