Работилница во Делчево

Изминатиот викенд во периодот од 11-13 Февруари во рамки на проектот “Еко Мапа на еколошки практики во младинската работа во руралните и урбаните средини” во Делчево се одржа работилница за млади од крајниот источен период со цел анализирање на моменталната состојба во младинската работа и користењето еко практики во рамки на младинските организации. Работилницата беше во организација на Регионалниот центар за застапување Делчево како партнер во проектот заедно со Институт за културно наследство – Бугарија и AEQUALITAS – Португалија. Работилницата беше од интерактивен карактер со неколку теренски посети, теоретски дел и работа во групи од каде произлегоа конкретни локални еко иницијативи. Присутните млади имаа можост да ја анализираат ситуацијата во државата и соседството во однос на потребните еко вештини кои младите треба да ги имаат за да можат со тоа да дадат свој придонес во заштитата на животната средина и намалување на негативните влијание од климатските промени. Теренските посети вклучија запознавање со овие практики реално на терен во Центарот за одржливи практики „Природна перспектива“ во село Нов Истевник и во Едукативниот центар за зачувување на природата во селото Негрево. Ова им овозможи на учесниците да развијат и свои идеи кои во иднина ќе бидат реализирани. Проектот предвидува повеќе работилници, настани за подигнување на јавната свест и транснационални состаноци.
„Проектот е во контекст на препораките дадени од Европскиот економски и социјален комитет во рамки на Стратегијата на ЕУ за унапредување на еколошките вештини и компетенции за сите. Имено како што е нагласено и таму, Одговорноста за животната средина е сечија одговорност. Одржливиот еколошки развој бара радикални социјални промени, вклучувајќи ги индивидуалните и колективни промени во нашиот менталитет, однесување, начин на живот, како и во социјалната, политичката и економската организација на нашите земји и општества. Веруваме дека овој проект кој е уште еден во низата кои ги реализира нашата организација во оваа област ќе донесе позитивни промени кај младите. – истака Родне Деолска, локален координатор.
Проектот е во рамки на Еразмус + програмата КА210- YOU- Small scale partnership in youth, кој ќе се имплементира во период од 23 месеци почнувајќи од Ноември 2021 година.
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *