Еколошко друштво Здравец 2002 од Македонска Каменица на терен за собирање на потписи од граѓаните за изградба на пешачка петека која ќе ги поврзува улицата Мирче Ацев со Магистралниот пат А3. Граѓаните во целост ја поддржуваат иницијативата на еколошкото друштво Здравец 2002 и се потпишуваат за изградба на патеката.
Граѓаните кои сакаат да дадат поддршка за иницијативата за изградба на пешачка патека, можат да се јават на Зелен телефон 078 485 132.





