Еколошкото друштво „Здравец 2002“ е основано на 18.07.2002 година во Македонска Каменица. Во друштвото членуваат 100 лица, од кои  активни се 20 лица.

          Еколошкото друштво „Здравец 2002“ дејстува на територијата на општина Македонска Каменица и се залага за: заштита на животната средина, градење на правилен однос на човекот кон својата околина и природна средина, едукација и јакнење на јавната свест. 

          Цел на друштвото е:

  • Подигнување на нивото на еколошка свест на општата јавност, едукација и информирање на граѓаните за актуелните еколошки проблеми

          Задачи на друштвото се:

  • Обезбедување на природно право на секој човек за здрава животна средина;
  • Заштита на животната средина;
  • Залагање за остранување на сите промени што доведуваат до промени и уништување на животинскиот и растителниот свет, загадување на езерата, реките, подземните води и друго.
  • Заради заштита и унапредување на состојбите на сите чинители на квалитетен живот, друштвото соработува со граѓани и организации од локално, регионално, државно и меѓународно ниво.